Петар Печков
Објавено: сабота, 04 декември 2021
Голем пад на бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко откако денес имаше голем број оздравени. Дури 141 оздравен пациенти од ковид-19 се регистрирани денес, од страна на Институтот за јавно здравје., додека ново заразени се само 14 лица.Оваа состојба придонесе бројно на активни случаи во велешко да се намали на 199 случај.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имашe згрижено 27 пациенти. Од нив 19 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден е еден и четворица се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Нема примени, испишани се четворица со еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 1а лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и четворица на Интерно.
Tweet |