речник контакт

Денес еден оздравен, еден ново заразен во Велес со ковид-19

На инфективно одделение во велешка Болница 17 лица хоспитализирани

Петар Печков

Центарот за јавно здравје од Велес во текот на изминатото деноноќие регистрираше еден ново заболен со ковид-19.  Истовремено еден пациент откако на два последователни теста на земен брис, покажал негативни резултати се води како  оздравен. Со тоа бројката на активни случаи со корана вирус во велешко е 39 пациенти.

Ново откриениот случај е блиска роднина со претходно заразено лице. Пациентот беше хоспитализиран на Инфективно одделение поради симптомите  кои ги имаше а денес и резултатите покажаа дека е позитивен  - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

На листата на оздравени се води еден случај, велешанец кој бил на Клиниката за инфективни болести во Скопје и ова лице од денес е дома.

На Инфективното одделение при велешка Болница има 17 хоспитализирани пациенти, од нив еден е непотврден, се чекаат резултатите од земениот брис. Од таму вчера и денес се пуштени по еден пациент, како оздравени, а покажале два негативни резултати на земениот брис. 

Министерството за здравство информираше дека  на инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  40 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19 а без малку половината пациенти од овие се во велешка Болница.

Во Македонија денес се регистрирани 25 нови случаи со ковид-19 и тројца починати лица или досега вкупно 119.
 СВР Велес информираше дека денес има четири нови лица со решение за изолација или 69 вкупно во велешко, а две нови лица во самоизолација во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »