Петар Печков
Објавено: вторник, 20 декември 2011
ЈКП Дервен последен пат ја исчисти локацијата за кога граѓаните реагиираат, пред неполн месец. Оваа година претпријатието го чисти Потокот веќе 10-тина пати, иако според Годишната програма за работа има обврска тоа да го прави само четири пати во годината, велат од ЈКП Дервен по реакциите дека Потокот е нечист и полн со смет.
Со оглед на многуте активности со кои се бави РЕ Комунална хигиена, штом ќе има доволно време и работна сила, РЕ Комунална хигиена повторно ќе го чисти Потокот, иако тоа е вон Работната програма, а за доброто на граѓаните што живеат таму.
Во повеќе наврати ЈКП Дервен преку јавните медиуми апелира до жителите кај Потокот да не го фрлаат сметот и непотребните предмети од домаќинството во отворениот канал, но за жал, нашите апели не вродуваат со плод.
Tweet |