речник контакт

Десетгодишното девојче се лизнало и паднало во потокот во Бањица

Позната причината како девојчето се удавило во надојдениот поток

Петар Печков

СВР Велес излезе со информација за трагедијата која се случи во велешкото село Бањица.

По извршениот увид на лице место, било констатирано дека девојчето  Ешуриме Беќирова,  „се лизнала и паднала во надојдените води на Бањичка река“.

По наредба на Јавен обвинител телото е предaдено на семејството.

Таа во водите на потокот паднала во неделата околу 9 ч.  а била пронајдена утрово околу 8ч. 300-400 метри подолу од селото.

Во потрагата по детето учествуваа екипи на Дирекцијата за спасување од Велес  и пожарникари од ТППЕ Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »