Петар Печков
Објавено: вторник, 02 октомври 2012
Почетокот на детската недела и универзалниот ден на детето, од детската градинкаод Велес Димче Мирчев го одбележаа со промоција на Дизни градинката. Објектот во населба Тунел доби нов лик по реконструкцијата која овде започна пред неколку месеци. Заменети беа старите светилки со нови штедливи, објектот сега има пвц прозори и врати а доби и нови катчиња со новиот мебел и играчки. И дворниот простор инспириран од ликовите од Дизни цртаните сега има сосема нов изглед.
Насмеаните лица како на родителите така и на децата покажаа дека новиот изглед на градинката ги задоволи и нивните вкусови но и потреби за престој. Детската градинка Димче Мирчев во текот на целата недела со низа на активности ќе ја одбележува неделата на детето. На синоќешната промоција на Дизни градинката дечињата од сите 6 објекти пред многубројната присутна публика изведоа кореографии на песни од познатите цртани филмови.
Tweet |