Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јануари 2018
Меѓународниот патнички железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, ќе се одвива со директна линија само преку викендите.
Во работните денови, од понеделник до петок, наместо експресните возови од Гевгелија кон Солун,се вози со автобуски превоз, а за викенди патнички железнички сообраќај со Грција е со диреткна линија до Солун.
Меѓународниот воз Велес - Солун тргнува секој ден во 05:25 а од Солун кон Велес во 18:23 по грчко време.
Оваа новина која стапи на сила од викендов и е на неопределено време.
Tweet |