Петар Печков
Објавено: среда, 13 јули 2016
Во вторникот во попладневните часови Сашко Андреевски, директор на Гимназијата Кочо Рацин поднел оставка на ова место. На негово за в.д директор е поставен професорот по физичко воспитување Славчо Давитков. Оваа информација е потврдена од локалната самоуправа.
Андреевски во оставката напишал: ,,Од друга страна во периодот од претходните 8 месеци бев под силен притисок со поднесени претставки и кривични пријави поднесени анонимно и од партијата СДСМ. Тука морам да ја спомнам и смислената конструкција од од страна на СДСМ чии членови смислено и неуморно 2 месеца работеа на тоа екскурзијата за учениците од трета година да ја добие агенција која не победила на тендерот за изведување на екскурзии. Дури се одеше и до таму екскурзијата воопшто да не се одржи, па и на штета на нивните деца, а се со цел да биде оцрнета гимназијата, Општината и Градоначалникот,,.
Во оставката Андреевски напишал, дека за да го докаже професионалното и исправно работење и да не влије врз угледот на Гимназијата, на Општината и на Градоначалникот на Општина Велес, поднесува неотповиклива оставка.
Годинава тој беше во два случаи го привлече вниманието. Првиот кога ученичка од Гимназијата напишала ФБ статус во кој искажала свој став па беше казнета и подоцна казната повлечена.
Во вториот кога учениците два дена откако беше отворен тендерот за екскурзија, без да минат 8-те дена за жалба, тие заминаа, по што следеа кривични пријави.
Андревски во својот мандат успеа ја обнови фасадата на зградата од училиштето, да постави нов котел за греење. Ова беа заеднички проекти со Хемиското училиште. Исто така Андреевски отвори и единствена сувенирница во градот, која работи во рамките на училиштето а ги врати и заборавените униформи за учениците.
Tweet |