Петар Печков
Објавено: недела, 17 октомври 2021
Излезеноста на гласачите во Општина Велес во 15ч. е 34,62 отсто или од запишаните 45,892 гласачи првото на глас го оствариле 15.853 ( од 99,82 пребројани гласови).
Со ова е исполнет првиот услов за избор на градоначалник, со кој требаше да излезат .третина од запишаните гласачи. Вториот услов е еден од кандидатите да добие 50 отсто гласови од излезените граѓани плус еден
Во Општина Градско излезеноста е 41,67 отсто или од запишани 3.113 гласачи, правото на глас го реализирале 1.295 лица (од 99,84 пребројани гласови).
Во Општина Лозово излезеноста е 54,04 отсто или од запишани 1.984 гласачи, правото на глас го реализирале 652 лица (од 99,90 пребројани гласови).
Во Општина Чашка излезеноста е 42,10 отсто или од запишани 3.171 гласачи, правото на глас го реализирале 2.595 лица (од 99,89 пребројани гласови).
Податоците сè од Државната Изборна Комисија
Tweet |