речник контакт

Доктор Кодовски меѓу 40-те доктори во земјава со најдобар учинок во јануари

Како награда доби 500 евра, плус јануарската плата

Петар Печков

Парични награди од по 30.000 денари  му е доделена на хирургот д-р Петре Кодовски од ЈЗУ Општа Болница Велес заедно со уште  39  доктори во земјава кои во рамките на проектот Плаќање по учинок. Тој и останатите колеги  доктори  биле најуспешни во текот на јануари.

Наградувањето е во рамки и на Владиниот проект за наградување 100 најдобри доктори. Решенијата на докторите им ги врачи министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека тие 40 доктори  се во клубот 100 најдобри доктори.

Очекуваме секој месец овој број да се зголемува како резултат на поголемиот број освоени бодови и поголемата ангажираност на поголем број доктори и на тој начин да дојдеме и до бројката од сто доктори за еден месец кои ќе бидат наградени - рече Тодоров. Докторите се нагрдуваат според  вкупниот број интервенции кои се извршени и бројот на сложени интервенции. При тоа не се  земаат некои полесни или често повторливи интервенции за да не се добие погрешна слика.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »