речник контакт

Доктори ги лекуваат бегалците низ Македонија

За седум дена 150 интервенции од полесни исеченици, гребнатини, изгореници, до исчашувања, но и гангрена

Петар Печков

За седум дена откако функционира  мобилната докторска екипа на Црвениот крст на Македонија,  наменета за беглците, таа имала 150 интервенции над мигрантите  кои минуваат нзи земјава. Брои три члена, доктор, возач и медицинска сестра, работат во работни денови на релацијата Скопје - Неготино. 

Денес имавме два  потешки случаи, гангрена на нога и  гнојна ангина на дете од четири годишна возраст. За жал и во двата случаи, како и сите други, мигрантите не сакаат да останат овде да бидат лекувани. Примаат основна помош и го продолжуваат патот, без оглед на тежината на повредите, болките, раните - вели  д-р Сандра Игнатовска, од  мобилната единица која изминатиет денови од 8 до 16 ч. е на терен.

 Од понеделник се ангажира уште една екипа,  која   ќе го покрива теренот од  Демир Капија до Гевгелија. Работат од понеделник до петок секакви повреди од банални плускавци на нозете кои им го отежнуваат патувањето на бегалците, преку сончаници и изгореници, до исчашување на склочни зглобови. 

Морам да кажам дека сите без исклучок се скромни во своите барања. Многу се благодарни за помошта што ја добиваат. Најтешка е  комуникацијата Во групата секогаш има барем  еден кој  зборува англиски и така воспоставуваме контакт. Кога ќе ги видат знаците на Црвениот крст, се опуштаат и сами бараат помош - додава д-р Игнатовска.

Повеќето од  бегалците со кои контактираат  биле машки на возраст до 30 години, имало  и жени со малолетни деца. Според тоа што можат да го видат на теренот патуваат и дење и ноќе. Кога е  многу жешко се кријат во сенки, под дрвја, внимават на сонцето, опасност   сега се змиите отровници кои во овој дел од Македонија ги има многу и покрај патиштата и покрај пругите.  

Им даваат и  вода за пиење, бидејќи таа најмногу се бара.  Бегалците во најголем број се од Сирија,  потоа Авганистан, Иран и Ирак,  има и  од Африка,Сомалија, Камерун  Ацо Цветковски  е возач од тимот  на мобилната единица за за помош на мигрантите. Тој има иускуство со ваквите случаи, по големата бегалска криза од 1999-тата и бегалците од Косово.

Правам проценка според информациите од медиумите, полицијата, месното население, од патарините, каде може да се најдат бегалците. По бројните несреќи по шините и пругите, сега ги избегнуваат. Поставивме и 24  предупредувачки знаци, на осум јазици за овие лица да ги избегнуваат овие опасни рути, да користат споредни патишта, не и пруги - вели Цветковски.

Оваа лекарска помош на бегалците се изведува заедно со Високиот комерсијат за бегалци УНЦХР  во Македонија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »