речник контакт

Докторите од Итната помош на едукација во Софија

Три докторки и една сестра седум дена беа на обука во болницата Токуда

Петар Печков

Докторките Василка Пановска,  Светлана Црнушева, Кевица Клифова  и  медицинската сестра Елизабета Тодорова од ЈЗУ Здравствен дом Велес, сите од Итната помош,  една седмица  беа во Јапонската болница Токуда. Тоа беше во рамките на програмата на  Едукација на доктори во странство  која ја спроведува Министерството за здравство.

Овој работен престој беше добредојден, да видиме и научиме нешто ново, како се работи во една специјализирана клиника – изјави  д-р Васе Пановска началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Заедно со нив на овој престој беше и медицинската сестра  Јадранка Пенева, од хируршкото одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »