Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 септември 2013
Изминатиот викенд во Грција на патека на Метеора се возеше ендуро трка на издржливост. Меѓу 500 учесници беше и велешанецот Драган Ванов, најмладиот возач во трката .
ENDUROMANIA е екстремен ендуро, грчки одговор на ROMANIAKS. Учесниците возеа два дена по различни патеки, кои имаа можност сами да ги одберат, профи или хоби. Повеќето возачи ја одбраа полесната хоби патека, поради не така тешкиот терен и препреките кои се наоѓаа на неа.
Меѓу малкуте кои се одважија и охрабрија да ја возат профи патеката беше и младиот Ванов, актуелниот шампион во еднуро класа Е-1 за 2012-та година. Тој беше и меѓу триесетината кои ја завршија трката , заедно со легендата на светскиот ендуро Мулти Симон десеткратен учесник на релито Дакар, и специјалниот гостин на трката Џио Сала.
За Драган Ванов ова беше прво кавко учество на така тешка патека и тој беше дел од INA TV YAMAHA FRANCE RACING TEAM , најдобар во Светскиот шампионат за ендуро.
Tweet |