Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јуни 2018
Изминатиот викенд се возеше првата трка од Државниот шампионат во мотокрос, на патеката Лагово близу Прилеп. Драган Ванов член на Мото Велес, по двете возења го зазема третото место во класата MX2, зад првопласираниот Станковиќ од Битола и Бугаринот Џонев. Во оваа класа возеше и велешанецот Виктор Караколев кој беше четврти од четворица учесници а вози за скопски клуб.
Од клубот велат дека ова е одличен резултат бидејќи Ванов возел со десет години стар мотор, додека победниците имале нови машини.
Претставникот на Мото Велес, Јове Иванов во класата Mx3 i имал пад и се пласирал на петто место од шест возачи.
Tweet |