речник контакт

Дрва се сечат, ќе се гради насип за заштита од Вардар

Oва е во близина на мостот кај Башино село

Петар Печков

Десетина дрвја, стари и по 30-тина години се исечени покрај реката Вардар, близу мостот кај Башино село. Рибарите  кои се постојано на  ова место, посочуваат дека дошле повеќе лица, организирано дошле  и дека ги исекле дрвјата.  Во потрага зошто и како дојде до оваа нова сеча, која може да влијае на коритото на реката Вардар, одговорот го добивме од локалните власти. Информацијата е дека дрвата се сечат токму поради  честото излевање на Вардар.

Поради конфигурацијата на теренот, нискиот брег често се случуваше овој дел  да се поплавува. Поради тоа се подготви проект со кој ќе се гради насип  за да се заштитат обработливите површини од надојдениот Вардар. Елаборатот е минат во Министерството за животина средина. Останува за започнат градежните работи – велат од општината.

  Според нивните  и стручните пресметки, подобро било да се исечат десетина дрвја, отколку водите на Вардар да ги оштетуваат земјоделците кои одгледуваат разни култури во овој дел од Башино село и  од тоа имало повеќе  материјална штета отколку корист од дрвјата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »