речник контакт

Државата нема пари за приватните лекари

Од април месец, Министерството за финансии не ги префрлило парите на приватните лекари а тие во јавното здравство редовно земаат плата.

Петар Печков

 Докторите од приватното здравство не добиле пари за сработеното од април, иако нивните колеги од јавното здравство ја чекаат јунската плата. Тие поради ова на прес конференција, реагираа на различниот третман на докторите, иако и приватните и јавните имаат иста цел, здравјето на граѓаните. Велат дека се пред банкрот и ваквата состојба пациентите може да ја почувствуваат,  поради лошата финансиска состојба.

Министерството за финасии, иако сме средината на јули се уште не ги префрлило парите за април. Иако договорот со Фондот за здравство пишува дека ќе бидат префрлени парите до 60 дена, рокот мина а парите ги нема. За овие три месеци ние ја финансиравме државата со нашата работа а имаме за плаќање објекти во кои работиме, апаратура, лиценци. Некои колеги имаат земено кредити за овие неопходни работи и за доцнењето на плаќањато, им земаат високи камати. Иако како приватни доктори, многу работи ги прифативме за реализација на реформите во здравството,очекуваме да не третираат како лојални граѓани на земјава и навреме плаќање на нашиот труд.  Затоа како приватен сектор бараме да се утврди точниот датум за исплата на капитацијата и наместо по 70 месечно да ја добиваме 100 отсто – вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на  Здружението на приватни доктори  од примарното и секундарното здравство, кое бои 1,5 илјади доктори.

Тие поради законските обврски со сопствени средства ги ,,поминале,, платите како што велат, затоа што ако не го стореле до 15-ти во месецот, ќе биле казнети. Потсетуваат дека токму од овој период, април, требало  да ја добиваат и за прв пат вратената капитација на 50 денари по пациент,  која претходно две години била намалена на 45 денари. Приватните доктори реагираат и на обврската за воведување на електронска здравствена картичка иако за нивна примена во руралните средини  ќе биде тешко, затоа што немало интернет конекција а уште повеќе што државата ја наметнала обврската за нивна примена а не дала ниту денар на приватните лекари за компјутери,за купување на соодветни програми, како што сторила Хрватска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »