речник контакт

ЕУ комисијата пак со корпа за велешките преку гранични проекти

И вторите седум проекти со Грција на Велес, одбиени во Брисел

Петар Печков

Седумте проекти кој општина Велес заеднички ги работеше со неколку општини од северна Грција не се прифатени од ЕУ Комисијата во Брисел. Повторно минаа тие на Гевгелија и Битола, како што може да се види на официјалниот сајт.

Со проектите се предвидуваше демонстрирање на способноста да се постигнaт еквивалентни резултати со поинаков начин на одгледување земјоделски култури, подигање на свеста и едукација на локалните фармери за користење на еколошки методи, имаше проекти од туризмот, гастрономијата, екологијата,економијата.

Општина Велес требаше да учествува со 30 отсто од средствата во овие проекти ако бидат прифатени, за што Советот донесе едногласна одлука. Но еве и во вториот обид, по тој во 2011-та пак корпа за велешките проекти во обид за  преку гранична соработка со градовите од Северна Грција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »