Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2011
Во рамките на Велешкото културно лето, во среда во 20,30 часот во амфитатарот во Младинскиот парк гостува хрватскиот етно состав Езерки и оркестарот 7/8. Тоа е група во која членуват хрвати кои ја свират и пеат македонската музика. Тие досега имаат снимено ти ЦД и ДВД а во три наврати ја полнеа концертната сала Ватрослав Лиснински.
Нивните концерти ги има пренесувано и државната Телевизија ХТВ. Тие македонските стари народни песни пееле со МасимоСавиќ - Калеш Бре Анѓо, со Нина Бадриќ - Зајди зајди јасно сонце, со Радојка Шверко, Лука Нижетиќ, Калиопи, Тоше Проески... Анасмблот Езерки бори 17 члена, пеаттрогласно,само петод нив се македонки, останатите хрватици, распонот на возраста е од 25 до 70години. Некои од нви се слиарки, други економистки, имаат и правнички, архитектка, ноивинарка, етнолог.
Лидерка на ансамблот е Дарка Краговиќ вработена како музички уредник во Радио Загреб. Од 2000-тата година соработуваат со оркестарот 7/8, составен од девет музичари, сите хрвати кои свират на 12 традиционални македонски инструменти, кавал, тапан, трабука, дајре. Нивната соработка започнала случајно, за сега да бидат нераздвојна целина.Езерки и 7/8 се збир на ентузијасти,делумно аматери музичари, собрани околу идејата да ги сочуваат традиционалнти македонски песни и популаризираат во Хрватска и странство.
За одбележување е што сабота навечер во Велес гостуваше Словенско младинско казалишче во рамките на театарскиот фестивал Импакт, во при крајот на јули и Хрватско народно казалиште од Пула со Електра на фестивалот Стоби.
Видео
Tweet |