речник контакт

Езерото Лисиче со натпросечно ниво вода

Капацитетот е 24 милиони кубни метри вода а има акумулирана вода од 15.5 милиони кубни метри

Петар Печков

Езерото Лисиче  за овој период од годината има големо количество на акумулирана вода. Според пресметките на надлежните нивото на езерото било  пет метри повисоко отколку во истиот период претходните години, или над просекот за овој период од годината.  

Како што појаснуваат од стручната служба на ЈВП  „Лисиче“ од последните обилни дождови на почетокот на декември котата на езерото била повисока за скоро пет метри од вообичаената во овој период од годината.

На 15 ноември 2017 година котата била 407,37 м.н.в. со акумулирана вода од 10.522.000 кубни метри додека наредниот ден котата се зголемила до 407,84 м.н.в. со акумулирана вода од 10.804.000 кубни метри.

Пред последните обилни дождови на 1 декември 2017 година котата на акумулацијата била 409,89 м.н.в. со акумулирана вода од 11.458.000 кубни метри и со нив нивото се покачува до кота 414,48 м.н.в. со акумулирана вода од 15.532.000 кубни метри достигнато на 6 и 7 декември 2017 година.

Веднаш после дождовите котата била повисока скоро за пет метри од вообичаената за ова време од годината

Капацитетот на акумулацијата (вештачкото езеро) е  24 милиони и 180 илјади кубни метри вода.

текст  МИА

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »