Петар Печков
Објавено: среда, 17 октомври 2012
Пред заминувањето на амбасадорот Марковски од Загреб,хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ го одликува со орден „Редом Кнеза Бранимира“ за неговите успешно реализирани активности во изминатите четири години. Сега веќе поранешниот амбасадорот Марковски е роден велешанец.
За време на неговото работење во македонската амбасада во Загреб, се реализира четири значајни проекти, во кои тој активно се вклучи и несебично помогна. Поставување на биста на поетот Коста Солев Рацин во Самобор, поставување на плоча на гробишта во Мирогој Загреб на Панко Брашнаров на местото каде се верува дека тој почива и спомен плоча за преродбеникот Андреја Петковиќ во Риека каде тој бил Руски конзул.
Така други тројца велешани добија спомен обележја во Хрватска, од четирите вкупно македонски што постојат на територијата ана оваа држава. Четвртото е на браќата Миладиновци во Ѓаково.
Tweet |