Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 мај 2011
Во неделата напладне на патеката кај езерото Младост се возеше трка во ендуро, во организација на Мото клубот ,,Мото Велес,,.
Велешани имаа одлични резултати. Во категоријата Е-1 Драган Ванов беше втор, во Е-2 Бојан Лазов беше трет, додека во Е-3 победи Валентин Тошев пред Александар Мајсторов. Во категоријата Т-1 победник е Виктор Ефремов пред Бошко Тошевски.
Тој го забележа и најдоброто време на трката кој патеката ја мина за 2мин и 30 сек, а втор резултат имаше Драган Ванов со 2 мин 35 сек.
Tweet |