Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2020
Од денес, 1-ви јуни година, се нормализира железничкиот патнички сообраќај во земјава и истиот се одвива по регуларниот возен ред од 15.-ти декември 2019-та година, информираа од Македонски железници АД Транспорт.
Од таму додаваат дека и натаму не се издаваат бесплатни билети за млади и возрасни лица. Се враќаат во сообраќај возовите кон Куманово и кон Кочани. За сега нема да сообраќаат возовите релацијата од и кон Кичево.
Од 26-ми март железничкиот патнички сообраќај, беше редуциран.
Tweet |