речник контакт

Жител на Горно Врановци нелегално сечел шума, ја оштетил државата за 5 милиони денари

Исекол 700 метри куби дрва нелегално за што Џ.Ј. доби три кривични пријави

Петар Печков

СВР  Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Џ. Ј.(46) од село Горно Врановци општина Чашка, поради основи за сомнение за  три сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги„ , „даночно затајување“ и „кражба“.

Пријавениот со фалсификувани деловни исправи- испратници заверени со печат и сериски броеви како оригиналните испратници кои му биле дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нелегално сечел дрва од шума сопственост на Р. Македонија во атарот на село Горно Врановци. Со фалсификуваните испратници ги транспортирал и продавал прикажувајќи ги како легално посечени дрва .

По оштетното побарување од Шумско стопанство „Бабуна“,  Џ. Ј. извршил бесправна сеча на 700 метри кубни огревно дрво со што ја оштетил државата и  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за   4. 9 милиони денари. Истовремено, не прикажал персонален данок во висина од 10% од висината на продажната цена на метар кубен согласно ценовникот или вкупно 300 илјади  денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »