речник контакт

За Пекмез пазар во Велес

За малку познатиот Пекмез пазар во градот за кој пеат Распеани Велешани

Петар Печков

Ако внимателно ја слушнете старата велешка песна ,,Ајде пукна  пушка,, пеена од Распеани Велешани на почетокот ќе ја слушнете строфата дека пукнала среде Велес, на Пекмез пазар. 

Тоа беше поривот да се истражи каде бил Пекемез пазар во Велас. Прашувајќи ги постарите велешани, кои ги има се помалку ја лоцираа каде бил Пекемез пазар и што таму се продавало. Местото е потврдено од тројца соговорници.   

Тоа е близу сегашната продавница на Нептун, во низата дуќанчиња кои се  до мовчето кај Потокот. (види  фотографија). Повеќе за пазарот раскажа д-р     Цветко Арсов, кој живеел во близина.

Постоел  до 1940-тата година. И тогаш како и сега пазарот бил поделен на два дела,од кој на вториот – долниот дел продавале највеќе занаетчиски производи и пекмез. Пекмезот се правел од грозје, но требало многу време да се вари. Постапката била од прилика- се вадела течноста од грозјето т.е.  ширата и се варела до точка на згуснување. Било потребно многу време и труд околу него за да се постигне соодветна густина па затоа не можел секој да го произведе. Во главно го произведувале и продавале Турците, од причина што тие во тој период имале поголеми површини лозја. Варијанта на  денешниот Маџун. Во тој период се произведуваа и продаваа во поголеми количини ,  имало поголема побарувачка  па затоа тој од пазарот го нарекле Пекмез-пазар. До пекмез пазарот имало еден покриен дел од пазарот каде долниот дел имало патека, од страните имало мали занаетчиски дуќанчиња. На горниот дел било направено едно мало хотелче со неколку помали соби, но со многу интересни, тесни и со оглед на малиот простор „ вртени „ скалила со кои се доаѓало до вториот кат. Таму најчесто престојувале луѓе од страна кои доаѓале по намирници од пазар. Хотелчето се викало Безистенот - раскажа д-р Цветко.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »