речник контакт

За долги пензионерски денови

По долги години работа, четворица вработени во локалната власт и пожарната заминаа во пензија

Петар Печков

Денес четворица вработени, дел од локалната власт, дел во противпожарната единица  заминаа во пензија. Архитектот Станка Амбаркова,   вработениот во Граѓанскиот    сектор Слободан Николовски – Цобе и пожарникарите Младен Најдовски Бади и Јован  Велковски  го завршија работниот век.

Амбаркова која како архитект има богата ризница на знаење за архитектонското богатство и наследство на Велес.  Таа во секој детаљ на градот, од каменот пред порта,  од кваката на врата гледаше богатство, уникатност, оригиналност.   Или како  што авторот  на денешната презентација во Општината рече, ,,Станка имаше океан од знаење за велешката културна ризница,,.  

Цел живот е во работа, дали на работното место, дали дома, со семејството и  пошироката фамилија.  Ги сакав и луѓето и објектите, сите имаат душа. Велес има опкружување кое го заборавевме. Тајните  треба да се откриваат а младите  да се посветат на нив, да влезат во сокаците каде се уште има некој да покаже нешто,  што  не го знаме  - рече Станка, која дел од работниот век  мина ви во ГП Бетон.   

Чувствувам силна  потреба и одговорност, и јас како автор на многу текстови за  Велес, да и заблагодарам за тоа  што секогаш  имаше одговор за сите дилеми за архитектурата во градот, за малку знаени работи, која без отпор ги споделуваше и ги остави во наследство. Станка големо  благодарам. 

Во пензија замина и Слободан Николовски, кој во  локалата власт  беше задолжен  на прием со странки во Граѓанскиот центар или како што на денешната свеченост го нарекоа, човек кој ја бара правдата за сите. Или за вработените ,,ваша висости,, бидејќи беше највисок во општинската администрација.  Тој има големо искуство со велешани, кои доаѓаа кај него  за да донесат било каква документација.     

Велешани се мирни питоми луѓе, и задоволство беше да се работи со граѓаните на  Велес – рече Слободан.  

Николовски беше претседател на синдикатот во Општинската администрација но и  поранешен кошаркар член на КК Борец. 

Јован Велковски цел  работен век  35 години го мина во противпожарната единица додека Младен  Најдовски таму беше 25 години.  И секогаш во нивната професионална кариера храбро влегувале во  огнената стихија да  спасат имот, живот и гаснеле околу две илјади пожари.   Јован помни настан од 2002-та кога спасувал три дечиња кои се искачиле на Цуцка, кај Тополка.

Ни се јави некој минувач дека има три дечиња на десетгодишна возраст кои се искачиле на Цуцка, но  не можат да се симнат.   Ајде со јажиња, како планинари се искачив на карпата,  тие беа заглавени ниту горе ниту долу можеа. Ги извадив и симнав, едно по едно. Така и во целиот работен век, кога треба да се помогне, нема размислување  се  влегува и спасува – вели  Велковски. Младен Најдовски  Бади, кој пак  ќе го помни пожарот близу Теово, кога горела шумата летото 2003-то.  

Тоа беше кај село Плевење, голем шумски пожар, страшна работа.   При помагање адреналинот висок, притисокот покачен   - објасни Младен, кој сега ќе може 24/7 да се посвети на неговата голема љубов музиката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »