речник контакт

За дупките на автопат, не е виновен ниту директорот ниту ЈП Македонија пат

Четири автомобили оштетени на автопат од дупките на коловоз, но директорот и фирмата нема да одговараат

Петар Печков

Директорот  Гајур  Кадриу  на ЈП Македонија пат и фирмата, велешкиот суд ги ослободи од одговорност, по прекршочните пријави кои против нив ги поднесе надлежниот  Државен инспекторат за транспорт.  

Четирите пријави, кои се работени кај  двајца различни судии, не се прифатени со идентично образложение.  Судот утврдил дека инспекциски надзор воопшто не бил извршен, поради што и не бил составен записник.

,,Тоа значи дека нема докази дека обвинетиот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „МАКЕДОНИЈА ПАТ“  и директорот како одговорно лице, сториле прекршок,, стои во образложението, за сите четири прекршочни пријави.

Државниот  инспекторат за транспорт поднесол четири пријави за четири настани, сообраќјни незгоди сите случени лани на 8- март. На идентично место од автопатот Велес -Скопје, прецизирано во пријавата дека е на десната коловозна лента, на   6,7 км од вијадуктот,  после наплатна рампа кај Отовица, имало  дупка на патот.

На ова место, четири автомобили во период од   14ч. до 21,30ч. удриле во дупката,   по што сериозно ги оштетиле и имале материјална штета. Колите биле ,,фиат браво,, ,,тојота ајго,, ,,алфа ромео,, и ,,дачија сандеро,,. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »