Петар Печков
Објавено: петок, 28 февруари 2020
Од вчера, четврток забранет е пристапот на посетители на било кое одделение од велешката Болница. Затоа се информирани на влезната врата а во оваа здравствена институција се пуштаат лица само со упат.
Има две причини поради кој е забранета посетата на пациенти во Болницата. Тоа е поради корона вирусот и поради сезонскиот грип. Сакаме да ја намалиме фреквенцијата на движење и така би се оневозможил контакт на пациентите со надворешниот свет. Оваа одлука е на Министерството за здравство и ние ја применуваме, поточно нашите вработени на портирница се задолжени да ја практицираат - кажа директорот д-р Божидар Бојаџиев.
Tweet |