Петар Печков
Објавено: среда, 17 јули 2013
Зоран Јовев ( 43 год) од Лозово, загина во сообраќајна несреќа вчера попладне на магистралниот пат Велес –Штип. Сообраќајката се случила околу 16,45 часот на влезот во населбата Лозово, на излезот кон Велес, кога мотористот бил удрен од автобус со струмички таблички кој сообраќал кон Велес. Очевидците за несреќата ја посочуваат непрегледноста крстосницата.
Зоран се вклучуваше на главниот пат кога налета на автобусот. Местото е многу лошо, тука има висока жива ограда, еден од мештаните поставил копа сено а друг скелиња за сушење на тутун. Така што ништо ен се гледа, мора да влезеш на патот за Велес зад а видиш дали доаѓа возило од било кој правец – велат жителите на Лозово.
Повредениот Јовев веднаш со автомобил на пријателите бил транспортиран за Болницата во Велес а по пат бил пресретнат од екипа на Брзата помош префрлен до хируршкото одделение. Но веќе било доцна, според докторите тој подлегнал на повредите по пат.
Tweet |