Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2016
Во Македонија има од 200 до 240 илјади спорни гласачи, кои треба теренски да се проверат. За овој процес потребни биле до десетина дена а ДИК бил подготен за да се зиврши теренската проверка. Ова го истакна лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој беше во посета на Велес.
Да ја споделам со јавноста информацијата која ја добивме од нашите преставници во ДИК. Од 495 илјади спорни гласачи, 123 илјади се без валиден документ и тие не се составен дел на 1,811 милион гласачи кои се на избирачкиот список. Остануваат 372 илјади спорни и сомнителни. Ако од нив се извадат тие со ѕвезда, лица кои имаат право на глас но се во странство, остануваат под 300 илјади гласачи. Некаде повеќе од 200 илјади лица мораат да бидат теренски проверени. Огромен дел од нив не се бришат, тоа се граѓани кои живеат во странсто имаат право на глас. Еден дел останува тоа се тие фантоми, граѓани кои не постојат , се измислени, тие се бришат. Очекувам дека ќе има проверка за 200 илјади гласачи. Ова мора да биде усвоено со консензус. Без ова нема фер избори - рече Заев.
Тој потсети дека за прв пат МВР излезе со информација дека има фантомски гласачи со сите докази кои ти ги имаат, па Специјалното Јавно обвинителство го отворило предметот ,,Титаник,, , потоа граѓаните сами во избирачкиот список констатирале колку фантомски, фиктивни гласачи има. Тој го објасни и принципот на работа на комисијата за прочисување на избирачкиот список.
Во неа имало по еден претставник - стручњак предложен од четирите партии и еден меѓународен експерт. Биле избрани три команијии, две македонски една од странство да направат споредба на базите. Целата работа околу тоа се одвивало со консензус. Доколку се појават опструкции на овој процес на прочистување, СДСМ нема да го поддржел процес на теренска проверка. Тој напомна дека ДИК има капаците бргу да ја заврши теренската проверка.
Аргумените на ВМРО-ДМПНЕ кога зборувавме за теренска проверка, беа дека за 22 дена може да се направи попис во државата. Ако зборуваме за 200 до 240 илјади гласачи, тоа се 50 до 70 илјади објекти. ДИК е подготвен со 500 до 700 тима и оваа теренска проверка може да се направи за пет до девет дена. Ќе затекнеме наши сограѓани кои времено или трајно ја напуштиле Македонија, но имаат лична карта и пасош. Проблем е во тие граѓани кои живеат надвор а некој ги злоупотребуваше да гласа во нивно име. Ако некој крадел избори, тоа не смее да се повтори. Видовте дека има луѓе околу 192 илјади кои се само во базата на МВР. Тие немаат никакво движење на сметки, никави примања, социјална помош, немаат пензии, тоа се фантомите - потенцираше Заев.
Лидерот на СДСМ зборуваше и за реформите во медиумите и рече дека тие не се откажуваат од овој процес. Бараат челновите на Советот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги да бидат експерти, со осум години искуство, пет во медиуми, да не бидат членови на партија. Истото го бараат и за МРТВ, за да не зависат од политички претставници.
Став на СДСМ е рацете на сите политичари, вклучувајќи ме и мене да се тргнат од медиумите. Во Програмскиот совет на МРТВ да членуваат експерти и собранието до 2/3 мнозинство да ги усови а радиодифузната такса да се укине и да се воведе фиксен буџет, заради финансиска независност - изјави Заев.
Tweet |