речник контакт

Замрзнатата брана на езеро не е опасност по градот

Надлежните уверуват, стравувањата на велешани неосновани

Петар Печков

Ниските температури кои достигнуваат и до минус 15 степени, не преставуваат  опасност по браната на езеро Младост. Таа деновите е замрзната од водата која прелива. Тоа создаде немир и стравувања кај велешани.

Дали мразот може да влијае на безбедноста на браната, беше најчесто поставено  прашање.    Надлежните смируваат, опасност поп градот нема. 

Граѓаните не треба да се грижат за  безбедноста на браната. Со нејзиното проектирање и градење, предвидени се вакви ситуации на замрзнување, ниски температури. Таа може да издржи вакви поларни температури, на што сме сведоци деновиве – изјави Бобан Пановски директор на ЈВП лисиче, кое стопанисува со езерото Младост.  

Проценките се дека езерото  има  околу 10 милиони кубни вода, а површината е 60 хектари. Браната е изградена 1963-та година.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »