речник контакт

Започна кампањата „Зачувај, не уништувај“

Целта на кампањата е зголемување на моралната обврска и одговорност на граѓаните во општината, особено младите, да покажат рационално и добро однесување и постапување со урбана опрема што е наменета и за нив.

Петар Печков

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес, во соработка со општина Велес, а поддржана од Здружението на поранешни волонтери на Мировниот корпус „Пријатели на Македонија“ и Младинскиот образовен форум во рамки на проектот „Младите за отворено општество - Локални младински иницијативи“  по повод  одбележувањето на 8 Октомври – Ден за намалување на уништување на природата, ја отпочна кампањата „Зачувај, не уништувај“.

Целта на кампањата е зголемување на моралната обврска и одговорност на граѓаните во општината, особено младите, да покажат порационално и добро однесување и постапување со урбана опрема што е наменета и за нив.

Кампањата ќе се одвива на сите места  во градот каде што има поставено урбана опрема, пред се местата за рекерација и забава на децата. Сите граѓани, без никаков исклучок се поканети да учествуваат во оваа кампања

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »