Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 април 2018
Се кршат карпите на регионалниот Велес - Градско, кои го стопираа патниот сообраќај три седмици. Работите ги изведува АД ,,Гранит,, од Скопје која е ангажирана од страна на ЈП за државни патишта. Во отстуство на раководни лица, работно ангажираните велат дека се ситни карпата која е на ,,Цуцка,, но и одронот. Од локалната власт со информација:
Во моментов, градежна машина – багер со хидрауличен чекан работи на дробење на карпата на коловозот, а стручни лица од фирмата работат на отстранување на нестабилните делови на карпата над коловозот. Здробените карпи на коловозот ќе ги остранува и транспортира ЈП „Македонија пат“ со потребната механизација - пишува во информацијата на веб страната на Општина Велес.
Лицата кои се таму ангажирани не сакаат да лицитираат до кога ќе се работи, но веруваат дека до крајот на седмицава, до Велигден ќе го остранат одронот. Најголемата карпа се проценува дека тежи 25 тони.
Минирање не се изврши оти Македонски железници не дале дозвола. Тие стравуваат дека од минирањето, ќе се случи ноб одрон, камењата од Цуцка, повторно ќе паднат на пругата и пак ќе има застој. Затоа се рушат камењата со алтернативни начини.
Од МЖ имаат дежурен вработен, кој е на местото од одронот. Тој се случи на 13 март, близу мостот на реката Тополка, на излезот од Велес.
Tweet |