речник контакт

Започна пописот 2011

Во велешко на терен до 15 октомври се 324 попишувачи.Доколку по неколку наврати не ве најдат дома, ќе се остави белешка дека треба да се јавите во пописната комисија

Петар Печков

Од утринава започна најсложената статистичка операција, пребројувањето на населението кое се врши еднаш на десет години, Попис 2011.

Според зборовите на претседателот на Реонската пописна комисија Слободан Ников, која ги покрива општините Велес, Градско и Чашка се тече во најдобар ред. Денес на терен  во сите три општини, излегле 80 отсто од попишувачите, кои  утрово ги подигнале материјалите и веќе работат.

Во Велес има 324 попишувачи, во Чашка 98 а во Градско  32 попишувачи. Ѕие ќе треба да ја завршат оваа задача на пребројување до 15 октомври.

Од Канцеларијата на народниот правобранител ги информираат граѓаните дека евентуалните повреди на нивните права за време на пописот можат да ги пријават на бесплатниот телефонски  број 0800 54321.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »