Петар Печков
Објавено: недела, 01 февруари 2026
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски беше во посета на крејбрежјето на езеро Младост, каде истото се расчистува. Во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес., како и на исушените дрвја во крајбрежјето.
„Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода“ – порача преку ФБ министерот Трипуновски.
Претходно директорот на ЈВП Лисиче Ване Маневски, кажа дека кога ќе се подобрат временските услови, калта ќе се транспортира на обезебдено место.
Следна актинвост е да се започне со бушење на бунари за дотур на вода, во реонот на Отовичка река, со која ќе се снабдува езерото.
За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство. Од фотографиите може да се види дека во тек е чистење на крајбрежјето од Градска плажа, завршени се активостите од кај Отовичка страна.
Ниските температури и лaдното време, го исчистија езерото Младост од плочите на органска маса кои паднаа на дното а водата се избистри. Настапил процес на разгадување на органската материја која пливаше, а беше создадена во текот на летото од цвет на алгите и трските. Ова се случи и минатата година. За да со повисоките температури тие повторно да се јават.
фото Министерство за земјоделие
| Tweet |







