речник контакт

Засадени стотина садници зимзелени дрвја низ градот (фото)

Ги засадија ученици и деца од градинките

Петар Печков

 За прв пат во Велес се засади ендемско дрво молика, кое расте на Пелистер. Него го засадија децата од велешките градинки. Ова беше  во знак на одбележување на Денот на пролетта и денот  на екологијата.

Засадени се повеќе  видови садници на  зимзелени  дрвја. Се надевам дека успешно ќе пораснат, дека децата од мали ќе се грижат за нив и заедно ќе растат. Овие дрвја ќе помогнат за  поздрава животна средина, почиста околина,  убава природа и почиост воздух - изјави Ненад Коциќ  претседател на ЕД Вила Зора.  

Беа засадени  стотина садници меѓу другото и  борчиња, туи во дворовите на сите клонови на  Детските градинки во Велес, како  и во  дворовите од основните и средни училишта во градот.  Ова активност беше организирана од ЕД Вила Зора и Општина Велес. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »