Петар Печков
Објавено: среда, 27 ноември 2013
Деветгодишниот Марко Ристовски е сите овие години наназад присутен на оваа акција. Тој расте заедно со дрвјата кој со задоволство ги засадува. На ова акција доаѓа со неговиот дедо.
Ја сакам природата, заедно со дедо ми шетаме. Гледаме дрвјата кои ги засадив претходните години растат. Тие се поголеми и од мене. Тоа значи почиста околина, по зелена, подобри услови за живеење – рече малиот Марко кој е четврто одделение во ОУ Васил Главинов.
Ја продолжуваме акцијата да ја зазелениме Македонија. Таа е од големо значење. На Велес му е потребно, ни треба чист воздух. Затоа испраќам апел да се сочува ова што денес е насадено – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Во ова есенска акција се пошумува на две парцели. Во Башино село каде се засадуваат 32 илјади садници на 8 хектари и втората во Горно оризар место викано Балталак и каде се пошумува на 45 хектари со 170 илјади садници. Се пошумува багрем и мал дел четинари – изјави Горан Наунчев директор на Шумското стопанство Бабуна. Во акцијата учествуваа голем број ученици од училиштата, вработени во јавната администрација.
Лекарите активно учествуваат во оваа акција. Дрвото значи живот, здравје за секој град, посебно за Велес кој беше загаден град. Дрвото секогаш носи здрав живот, обезбедува чист воздух. На Велес му треба дрво, шума му треба и фоторемедијација - изјави д-р Јадранка Мишкова
Tweet |