речник контакт

Зголемен број на интервенции на докторите од Итната помош

Возрасната популација најчести пациенти. Препорака и децата до пет години да не се изнесуваат на директно сонце до 18 ч.

Петар Печков

Зголемен е бројот на повици во велешката служба на  Итна помош деновиве. Високите температури влијаат врз здравјето на велешани поради што има и повеќе колабирани граѓани. Од Итната помош препорачуваат граѓаните да ги почитуваат советите, како да се однесуваат при високи температури. 

Од 8 часот утрово имаме зголемен број на колабирани пациенти и зголемен број на повици и посети. Повеќето се возрасната популација со ниска тензија, со хронични заболувања, имаат физичка активност, поединци кои одат спротивно на препораките - кажа д-р Лидија Проданова портпарол на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.   Таа посочува дека пикот на температурата не е на пладне туку попладне и дека до 18 ч. без потреба не требало да се излегува надвор. 

 Највисоката температура се бележи околу 17 ч. и затоа не треба да се излегува без потреба од 11  до 18ч. Тоа се однесува до хроничните болни, сите кои немаат потреба нека не се изложуваат на директно сонце. Нека носат светла, бела  памучна облека, заштитни очила, капа, да се пијат 2-3 литра течности, но не ладни со мраз, туку истечена од чешма, мрсна  храна никако да не се консумира и лекарствата да се земаат задолжително, хроничните болни да не излегуваат, да се консумира овошје и зеленчук - додава  д-р Проданова.  Објаснува дека и малите деца не треба да се изложуваат на сонце и високи температури.

Децата на возраст до пет години не е препорачливо да се изнесуваат исто до 18ч. ниту да се изложуваат на директно сонце. Задолжително да имаат  заштита на главата, капче ако имаат потреба да ги изнесат. Малите дечиња, бебињата немаат развиено терморегулационен систем. Потоа доаѓаат на лекар, бебето има температура.  Тоа не е оти се болни туку дека се изложени на високи температури а немаат сопствена заштита, не можат да се изладат. Затоа треба да се тушираат два пати на ден  - вели д-р Проданова. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »