Петар Печков
Објавено: вторник, 27 август 2024
Советот на Општина Велес го зголеми финансискиот фонд, за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и вино“.
Изменета е ставката на Програмата за култура, каде во потточката со реден бр.1.10 .„Фестивал на велешка пита и вино“ се додаваат дополнителни средства во висина од 1.500.000 денари. Со ова „Фестивал на велешка пита и вино“ во колоната „Предвидени средства“, износот „3.500.000“ се брише и се заменува со „5.000.000“.
Овој Фестивал кај велешани е познат како Питијада, кој годинава локалната власт најави дека ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври, како и годините наназад, вториот викенд од октомври.
Со зголемувањето на финансиите, ќе донесе ли организаторт пеачка ѕвезда од странство?
Tweet |