Петар Печков
Објавено: среда, 24 февруари 2016
Зградата на поранешниот диспанзер за белодробни заболувања во Велес е неискористена. Откако во септември 2013-та, поради лошите услови за работа, диспанзерот се исели во инфективното одделение при Општата Болница Велес.
Се најавуваше дека тука ќе се гради зграда за комерцијални цели, но досега две и пол години подоцна, ништо од најавите. Објектот е празен, неискористен но и грда слика за овој дел од градот, зградата е место за пишување графити. Таа е сопственост на Министерството за здравство. Од таму засега не најавуваат што ќе биде на ова место, како ќе се искористи зградата.
Таа е во центарот на градот на атрактивна локација. Имавме некои планови за јавно -приватно партнерство. Но веројатно тоа ќе го реализираме после изборите - изјави министерот Никола Тодоров.
Старата и дотраена зграда, изградене пред 50 и повеќе години не ги задоволуваше потребите за здравствени услуги и по реакциите на јавноста, персоналот, пациентите и апаратурата беа преселени во Болницата. На нејзино место според ДУП е предвидено да се изгради осумкатница.
Tweet |