Петар Печков
Објавено: петок, 30 септември 2016
Злате Јаневски е повторно началник на СВР Велес. Него го именуваше министерот Оливер Спасовски.
Јаневски на ова раководна позиција доаѓа од Управата за државна безбедност, каде е вработен од почетокот на неговиот работен ангажман .
Министерот Спасовски вели дека кадровските промени ги направил врз основа на политичкиот договор и измените на Законот за Влада.
Јаневски беше началник и на почетокот од годинава, додека работеше техничката Влада, која требаше да ги подготви изборите. Таков е случајот и сега.
Tweet |