Петар Печков
Објавено: сабота, 21 октомври 2017
Кога вадиме крв од прст заради некаква анализа, речиси секогаш нè боцкаат во четвртиот прст. Ако некогаш сте се прашале зошто е тоа така, еве го одговорот.
Палецот или малиот прст многу подобро се поврзани со дланката во споредба со другите прсти. Тоа значи, теоретски, дека инфекцијата од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила „нагоре“ и би ја зафатила целата рака.
Поради тоа, генерално крвта се вади од кој било прст освен од палецот или малиот прст.
Но, во „јаболчето“ од четвртиот прст главно има помалку рецептори за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Дополнително, овој прст го користиме поретко во споредба со другите, па и кожата тука е потенка.
А токму поради тоа, и раничките на овој прст зараснуваат побрзо отколку на другите прсти...
Tweet |