Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јануари 2018
Дилемата која со години ги мачеше возачите е зошто на патарините, се наплатуваше различна цене за домашните возачи и странците. Одговорот го даде директор Зоран Китанов директор на ЈП за Државни патишта. Објасни зошто има разлика во цените и не станува збор за дискриминација и злоупотреба.
Кога стапив на оваа позиција и мене не ми беше јасно оти оваа разлика. Одговорот го добив од Народна Банка на Македонија. Бидејќи најчесто странците плаќаат во кованици, метални пари и НБМ задржува за нив околу 25 до 30 отсто при размена и кога ќе се претвори во денарска вредност се добиваат постојните цени - изјави Китанов.
Додаде дека со елеткронската картичка цената ќе биде за 10 отсто најмалку поефтино.
Tweet |