Петар Печков
Објавено: среда, 01 август 2018
Од сабота 4-ти август, 40 деца од Велес ќе заминат на седумдневна рехабилитација во одмаралиштето Михајлово на Кожуф. Таму ќе престојуваат до 10-ти август а ќе учествуваат деца до деветто одделение. Овој проект е на Друштвото на Родители за Грижа за Здраво Поколение (ДРГЗП), од Велес, кое успешно во континуитет го спроведува 17 години.
Освен секојдневните прошетки и престојот на чист, планински воздух, ДРГЗП со својот тим од искусни, млади волонтери, кои работат со деца и младинци, ќе се погрижат за квалитетно пополнето слободно време на рехабилитарците, со едукативно-интерактивни двочасовни работилници - најавуваат од Здружението.
Оваа година по 17-ти пат, од 04. до 10. Август, истата ќе се реализира во одморалиштето Михајлово, на планината Кожуф. Финансиски е поддржана, како успешен и значаен проект, од страна на Општина Велес. Од минатата година Климатската рехабилитација не ја поддржува Министерството за животна средина, сепак таа се одржува.
Tweet |