Петар Печков
Објавено: вторник, 07 јуни 2016
Белизе бенд на синоќешниот настап на ,,Протестирам,, во Велес ги подари средствата кои неодамна ги собрале на хуманитарна забава за велешанецот Николче Александров. На забавата во Скопје, учествувале македонски актери, уметници, писатели кои собрале 60 илјади денари. Средствата се собрале преку лицитација на цртежи, книги, слики, сопственост на познати македонски јавни личности.
На последната седница на Советот на Општина Велес беше донесена одлука за финансиска помош на семејството Александрови, чија куќа изгоре во пожар пред еден месец. Одлучено е да се помогне со 70 илјади денари.
Со 30 илјади денари се помогна на кајакарот Љубомир Спасиќ за учество на натпревари од кајак спринт. Тој изминатиот викенд учествуваше на СП кое се одржа на Врбас во БиХ. Во оваа неолимписка дисциплина тој во првата трка од 60 натпреварувачи беше 31 а во втората трка од 48 беше 34-ти. Во дисциплината класик 56 учесници заврши на 45-тото место. Спасиќ најавуваше дека ќе се бори да учествува на Олимпијадата но од мината сезона по ЕП кога не извади виза на Рио, тој почна да вози неолимписка дисциплина во кајак на диви води.
Tweet |