Петар Печков
Објавено: петок, 17 февруари 2012
Дирекцијата за заштита и спасување Подрачно одделение Велес информираше дека зема активно учество во расчистување на снегот и снежните намети, а исто така будно ја следи состојбата во Општините Велес, Градско и Чашка .
Од ЕЛС Велес се известени дека и понатаму останува селата Ветерско, Слп, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Лугунци се сеуште блокирани.
Од ЕЛС Велес и Градско информирале дека денес нема да ангажираат механизација за расчистување , бидејќи сметааат дека на подрачјето на нивните општини немаат поголеми проблеми на патните правци.Во општина Градско непрооден е патот с.Грнчиште – с.Скачинци.
Од Општина Чашка ќе испратат механизација за расчистување кон с.Крајници.
Tweet |