Петар Печков
Објавено: четврток, 01 септември 2022
Продолжува да се намалува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко. Според последниот извештај на Министерство за здравство, денес четврток таа бројка е 43 лица. Изминатите 24 часа има шест нови случаи а оздравени се 14.
Во Велешка Болница има згрижено 10 пациенти, девет се на Инфективно и еден на невропсихијатрија.
„Потврдено позитивни се пет, негативно се тројца со потреба од продолжено лекување. Денес се примени двајца нови пациенти, нема испишани. На кислородна поддршка се шест пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.
Tweet |