речник контакт

И повторно за Вранишкоски 2,5 години затвор

Тој мирно ја дочека објавата на пресудата а кога излегуваше велешани го исвиракаа

Петар Печков

Екс Владиката на МПЦ Јован Вранишкоски и во повтореното судење доби 2,5 години затвор и обврска на оштетените МПЦ и Фондот на ПИОМ да им врати 250 илјади евра. Тој оваа пресуда на Основниот суд во Велес ја дочека мирно и без коментар, за разлика од тоа, кога излегуваше од судот велешани го свиркаа.

Останува на  сила пресудата од  16-ти октомври 2009-тата. Во ова повторено судење  немаше никакви нови моменти, кои би придонеле да се донесе поинаква одлука. Вранишкоски се прогласува за виновен  за што добива казна затвор од 2 години и шест месеци и обврска на МПЦ, Фондот на ПИОМ и други оштетени да им исплати 250 илјади евра. За останатите средства оштетените се упатуваат на граѓански спор – рече судијката Тања Милева.

Вранишкоски  е прогласен за виновен бидејќи во периодот 24.06.1998 до 09.07.2002 кога беше владика на МПЦ во три нејзини епархии, Преспанско-Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 21 милион денари. Разликата од шест милиони денари,  колку што црквата смета дека е оштетена и колку судот пресуди да и се врати, МПЦ треба да ја бара во граѓански спор.

Според обвинението парите на Вранишкоски кои му биле давани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, со нив купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или присвоени од негови блиски луѓе. За финансиските малверзации ги користел хуманитарните организации и црковни економии, со кои раководеле негови блиски роднини. Злоупотребувани се и донации и народни пари наменети за изградба или реновирање на храмови.  Парите кои требало да ги плаќа кон Фондот на ПИОМ, иако ги добивал на рака, спротивно на потпишаниот договор никогаш не ги внел на сметката на ПИОМ. Вранишкоски во завршниот збор рече дека  е жртва на  политички прогон.

 Низ сите постапки овие десет години  кривичните постапки против мене се со политичка заднина и карактер. Дока за тоа се Годишните  извештаи на Стејт Департементот за верските и човекови права во Македонија, каде јас  и ПОА сме споменат со име и презиме. На оваа тема реагираше и Аменсти интернешенел во 2005-таг година. Причина е што јас  и ПОА застанавме зад Нишкиот договор во 2002-та година. Морам јавно да прашам ако јас за четири години сум направил таков криминал, што тогаш другите во МПЦ направиле. Да потсетам на случаите Хотел Изгрев, судските спорови и гужви во Австралија, случајот Говрлево, случајот Аеродром. За ова никој не одговараше – рече Вранишкоски изнесувајќи ја неговата одбрана. 

Обвинителството побара поранешниот владика да остане во притвор, бидејќи тој  претходно во овој случај избегал од Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »