речник контакт

И повторно пешак удрен на пешачки премин

За два дена ова е втор случај во Велес

Петар Печков

Утрово   камион удрил  пешак пред аптеката Зегин, кај Пошта. Сообраќајката се случила во   07.50час. на улица „8-ми Септември “ во Велес, во близина на куќен број 7 .

СВР Велес информираше дека  камион  „застава“ со струмички регистерски ознаки управувано од 59- годишен жител на село Костурино - општина Струмица удрило 52- годишен пешак од Велес кој во моментот преминувал  преку коловоз на обележан пешачки премин .

Во несреќата пешакот се здобил со повреди самиот тој  отишол до Итната помош, каде му биле констатирани гребнатини но и силна вознемиреност,  по што бил пренесен во  Велешката Болница.

Увид на лице место извршила  увидна екипа од СВР  Велес.

Во понеделникот навечер, во 20,40 ч. на пешачки пред Трговскиот центар во Нова Населба форд фокус управуван од Б.Н. (44год ) од Велес удрил во пешакот Б.А. (73) од Велес, кој се здобил со тешки телесни повреди и е згрижен во Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »