Петар Печков
Објавено: сабота, 20 ноември 2021
Втор пат дома,за само десетина дена, фудбалерките на ЖФК Борец одиграа реми. Стрелци за головите интернационалките во редовите на двата клуба.
Во осмото коло во дербито на колото, на домашен терен, стадионот Зоран Паунов, велешанки играа нерешено со ЖФК Љуботен од Тетово. Гостинките беа само бод зад ЖФК Борец, тие шести, домаќинките трети.
Тетовки поведоа во 21 со голот на Лискано од Венецуела а велешанки израмнија во 63` со голот на Досуму од Нигерија.
По ова коло ЖФК Борец е четврти со 15 бода. Во следното коло гостуваат во Тетово на екипата на ЖФК Речица која е 10-та од 12 екипи со пет бодови.
Од минатата седмица, има промена на тренерската позиција во ЖФК Борец, на местото од Тоше Нацев е поставен е Немања Бреѓан
Tweet |