Петар Печков
Објавено: вторник, 29 март 2016
Протест на сите вработени од фабриката за Шински возила ,,Колска,, од Велес,, во кругот на фабриката. Тие на овој начин го искажаа нивниот револт, од тоа што немаат земено дел од декемвриската плата и примања за сите месеци потоа. Поради заостаните домашни неплатени сметки, исклучена електрична енергија, блокирани сметки, тие се решиле на ваков чекор. Објаснуваат дека чекале предолго за да се реши проблемот на 130 вработени.
Четири месеци сме и без пари и без работа. Немаме можност да се лекуваме и ние и нашите семејства. Имавме разговори со надлежното Министерство за транспорт да ни се обезбеди работа, но досега тоа на се случи. Долго време чекаме и преговараме. Се прашуваме каде и како МЖ ги сервисира патничките и товарните вагони и во каква состојба тие возат по пругите. Нашиот проблем долго време се одолговлекува, иако сите велат дека работат на него, решение досега нема. Ние сме во ситуација да немаме основна егзистенција - изјави Слободан Димитриевски, претседател на синдикатот во фабриката. Тој напомна дека 23 вработени биле подготвени да започнат штрајк со глад,
Од Колска пет години бараат повторно да се вратат во рамките на МЖ, од каде беа издвоени во 1996-та и од тогаш започнуваат нивните проблеми со обезбедување на работа. Досега друштвото, кое е во 100 отсто државен капитал, три пати беше нудено на продажба и исто толку пати никој на се јавил да го купи.
Од Министерството за транспорт им објасниле дека за да добијат работа мораат да учествуваат на тендер додека пак Колска како загубар не може да учествува на него.
Протестот на вработените од Колска продолжува и во наредните денови, се додека не им се најде работа и плати.
Tweet |