Петар Печков
Објавено: сабота, 20 мај 2017
Велешките извидници од ИО Димитар Влахов, го освоија третото место на средби на извидниците во Ниш - Србија. Тие се натпреваруваа во рамките на “42 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи .
Патролата беше во состав: Благојче Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Мартин Голчев, Теодор Ѓорѓиев и Иван Гушев. Првото место им припадна на извидниците од ИО “Ѓука Диниќ“, а додека второто место им припадна на извидниците од Крал Петар I и двата одреди од Ниш.
Организатор на настанот беше извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија се одржа од 12 до 14 мај 2017 година во месноста Белотинац а велешките извидници учествуваа со осум извидници.
Меморијалот претставува еден од најстарите и најпосетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На неа учествуваа околу 150 извидници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со 30-тина патроли, кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.
Извидниците на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беа единствените претставници од Република Македонија.
Tweet |